Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно привлече внимание со изјавата дека секој што ја поддржува Украина – всушност ја поддржува војната.
Според неговите зборови, Европа се приближува до опасна точка, бидејќи конфликтот, како што вели, не може да се реши со воени средства, туку само со договор што би спречил понатамошни човечки загуби.
Во интервју за Радио Кошут, Орбан нагласи дека Европа е „на работ на ситуација што води кон војна“.
„Ако ставите пиштол на маса – порано или подоцна ќе опали“, изјави унгарскиот лидер.
Тој додаде дека војната може да се „замрзне“, но само по цена на огромни човечки жртви и без вистинско решение.
„Секој што мисли дека може воено да победи во овој конфликт – греши. Тоа само ќе доведе до замрзната состојба во која војните постојано се обновуваат, а многу животи се губат“, рече Орбан, нагласувајќи дека Унгарија мора да се залага за мир и стабилност.
Тој истакна дека Будимпешта не може да влијае на одлуките на големите сили, но може да работи на зајакнување на сопствената безбедност.
Говорејќи за финансирањето на Украина, Орбан предупреди дека „сите кои го поддржуваат војната“ ќе мора да бидат подготвени за повисоки даноци.
„Финансирањето на Украина од други извори не е изводливо“, изјави тој, додавајќи дека економскиот товар од конфликтот наскоро би можел да падне врз граѓаните на Европската унија.
Орбан најави и средба со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, нагласувајќи ја важноста на зајакнувањето на економските и енергетските односи меѓу двете земји.
„Речиси правиме ‘унгарски ден’ во Вашингтон. Ќе патуваме со голема делегација за детално да ги разгледаме унгарско-американските односи“, рече Орбан.
Осврнувајќи се на економската политика на својата влада, Орбан ги критикуваше левичарските предлози и ги истакна успешните програми што неговата администрација ги воведе по 2010 година – како фиксните станбени кредити и семејните додатоци. Сепак, предупреди дека војната и санкциите значително го забавуваат економскиот раст.
„Не очекувам посилен раст сè додека траат војната и економските санкции“, рече Орбан.
Г
оворејќи за планираното воведување на 14-та пензија, тој објасни дека целта е заштита на пензионерите и постепено обновување на нивната куповна моќ.
„Нашата цел е да ги исправиме грешките на претходната влада, која ја намали вредноста на пензиите“, заклучи Орбан.






