Арапската Република Сирија денеска ја призна независноста на Република Косово, објави косовската претседателка Вјоса Османи.
– Со поддршка на престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман Ал Сауд, во Ријад постигнавме договор со кој Сирија ја признава Република Косово. Му благодарам на претседателот Ал Шара за оваа значајна одлука и за поддршката кон нашиот народ – напиша Османи на својата официјална страница на Фејсбук.
Таа истакна дека и косовскиот и сирискиот народ поминале низ тешки периоди и направиле големи жртви за слободата, додавајќи дека „нашата Република оди напред и ништо не може да ја запре“.
Со оваа одлука, бројот на држави што го признале Косово се искачи на 120.






