Американскиот морнарички хеликоптер MH-60R Seahawk од хеликоптерската поморска ударна ескадрила (HSM) 73 и борбениот авион F/A-18F Super Hornet од борбената група „Црвени петли“ се срушија во неделата околу 14:45 часот по локално време над Јужно Кинеско Море.
„Двете летала полетаа на мисија од американскиот носач на авиони USS Nimitz (CVN 68), а спасувачките екипи од составот на Ударната група 11 безбедно ги извлекоа сите членови на екипажот“, соопшти Американската пацифичка флота на својот профил на Facebook.
Во соопштението се додава дека е започната истрага за причините на двата инцидента.
Потсетуваме, претходно беше објавено дека САД планираат до 2027 година да го заменат носачот на авиони USS Nimitz со нов носач од класата Ford, USS John F. Kennedy.







