На железничката станица во Харков денеска утрово околу 10:50 часот се случи експлозија предизвикана од маж (23) кој детонирал експлозивна направа, објавија украинските медиуми и Ројтерс.
За време на рутинска проверка на документи на патниците, лицето било замолено да излезе од возот. Во следниот момент, тој активирал експлозив, при што загинал на лице место. Во нападот животот го загубиле уште три лица – граничар (29) и двајца минувачи (58 и 82), додека 12 лица се повредени.
Истражителите наведуваат дека мажот претходно се обидел нелегално да ја премине границата и бил запрен за втора проверка кога се случила експлозијата. Полицијата го класифицира случајот како убиство со умисла, обид за убиство на полицаец и нелегално поседување и употреба на експлозиви.
На местото на настанот продолжуваат истражните активности, а официјалните лица изразија сочувство до семејствата на жртвите и најавија целосна истрага.






