Десет години по територијалната поделба од 2014 година, регионите Голо Брдо и Гора, каде што живее Македонското национално малцинство, остануваат сè уште неразвиени.
Во 2014 година беа укинати општините Требиште, Острени и Стеблево во регионот на Голо Брдо, кои беа припоени кон општините Булќиза и Либражд, како и општините Шиштавец и Запод во регионот на Гора, кои беа припоени кон Општина Кукс.
Македонското национално малцинство во регионите на Голо Брдо и Гора го смета укинувањето на општините како чекор назад во почитувањето на правата на малцинствата во Република Албанија.
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана бара од Владата да предложи измени во Законот за локална самоуправа со цел создавање на две нови општини:
• Општина Голо Брдо
• Општина Гора
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана верува дека овој демократски процес ќе ја зголеми довербата на граѓаните во системот и ќе овозможи поефикасно решавање на проблемите во регионите на Голо Брдо и Гора.
Македонско друштво „Илинден“ – Тирана
Претседател, Никола Ѓурѓај
Координатор на македонското друштво „Илинден“ – Тирана за регионот Голо Брдо, Фатри Фетау







