Планот на Европската унија за користење на рускиот имот во корист на Украина би можел да пропадне поради сериозни ризици, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесе РИА Новости.
„Очекувањата околу конфискацијата на замрзнатиот руски имот се огромни, но претстојните самити на Европскиот совет во декември, кога треба да се донесе конечната одлука, би можеле да завршат без успех“, изјави Фицо.
Тој додаде дека предложил во заклучоците од самитот на ЕУ, одржан во четвртокот, да не се спомнува можноста за конфискација, туку Европската комисија да предложи други начини за финансирање на Украина во наредните две години — што, според него, било прифатено.
Фицо нагласи дека конфискацијата на рускиот имот носи сериозни ризици, меѓу кои и можни одмазднички мерки од Русија, прекршување на меѓународното право и потенцијални тужби од руската страна.






