Денеска (23.10.2025) околу 07:10 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек потрага во с. Манастирец, општина Росоман, од слобода е лишен Б.Л.(38), кој бил баран по централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Штип од 18.08.2023 година. Б.Л. е осуден за сторено кривично дело по чл.123 (убиство) на казна затвор во траење од осум години, а за доиздржување има уште четири години, девет месеци и 24-денови. Б.Л. е предаден во КПУ Затвор Штип.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






