Претседателот на САД, Доналд Трамп, демантираше дека Вашингтон дозволил на Украина да користи ракети со долги дострел за напади на цели во Русија. „Тврдењето на The Wall Street Journal дека САД се согласиле Украина да изведува удари во длабочина на Русија не е точно“, напиша Трамп на Truth Social.
Според весникот, одлуката требало да овозможи интензивирање на нападите, откако пренесувањето на координацијата за такви удари било префрлено од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на генерал Алексус Гринкевич, командант на Европската команда на американските вооружени сили и НАТО-здружените сили во Европа.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека НАТО треба да биде свесен „со што се игра“ кога се дискутира за дозвола Украина да гаѓа цели длабоко во Русија.







