Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека го откажал состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта. „Не ми се чинеше исправно, немав чувство дека ќе стигнеме таму каде што треба, па откажав, но ќе го направиме во иднина“, рече Трамп пред новинарите во Овалниот кабинет.
CNN претходно извести дека надежите за брз самит со Путин се изгасиле, а официјален претставник на администрацијата изјави дека „нема планови“ за средба во блиска иднина.
На прашањето дали Путин сака да го заврши тековниот воен конфликт во Украина, Трамп одговори: „Мислам дека сакаат мир, мислам дека и двајцата сакаат мир. Во овој момент се приближуваме до четири години. Да бев јас претседател, тоа никогаш нe би почнало, но сега е време.“
Трамп призна разочараност поради бавниот напредок на преговорите: „Секој пат кога разговарам со Путин, имам добри разговори, но тие едноставно никаде не водат.“







