Сремска Митровица – Две лица загинаа, а повеќе се повредени откако автобус се преврте попладнево на патот Сремска Митровица – Јарак, јавуваат српските медиуми.
На местото на несреќата интервенираа полицијата, пожарникарите и екипите на брзата помош, кои ги обезбедуваат повредените и го расчистуваат теренот.
Засега не е познато што предизвикало превртување на автобусот, а истражителите работат на утврдување на причините за трагедијата.






