Зеленски подготвен за средба со Путин – но не во Русија и Белорусија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин било каде во светот, освен во Русија или Белорусија, изјави шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак. Путин засега одбива средби надвор од Москва.
Зеленски истакнува дека Русија наскоро би сакала да продолжи со мирни преговори, особено по најавите за испорака на ракети „томахавк“ на Украина.
Путин неколку пати го повикал Зеленски да дојде во Москва, гарантирајќи целосна безбедност. Кремљ смета дека барањето средба во трета земја е „претерување“, но Зеленски одговара дека Украина е спремна за средба, со јасен услов – не во Русија или Белорусија.






