Шпанија е сигурен и доверлив член на НАТО и моментално има распоредено околу 3.000 војници во рамки на Алијансата, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес.
Тој одговори на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја обвини Шпанија дека не издвојува доволно средства за одбрана.
Трамп порача дека размислува да ѝ воведе трговски казни преку царини и предложи Шпанија да биде исфрлена од НАТО, бидејќи одбила да го зголеми воениот буџет на 5% од БДП.
Шпанија е единствената земја од 32-члената Алијанса што не го прифати новиот договор, а премиерот Педро Санчес успеа да обезбеди изземање, нагласувајќи дека трошоците од 2,1% од БДП се „реални и доволни“.






