Денеска ќе преовладува променливо облачно време, со можност за слаб локален дожд во попладневните и вечерните часови. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната температура ќе се движи меѓу 14 и 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 20°C, воздушниот притисок изнесува 987 hPa, влажноста 81%, а брзината на ветерот 1 m/s.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи. Пообилни дождови се очекуваат утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога локално може да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар. Во петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.







