Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави денес дека Русија ја спроведува специјалната воена операција во Украина поради недостиг на други алтернативи, но дека останува подготвена за мирно решение.
„Русија е подготвена за мирно решение. Во моментов ја продолжува својата специјална воена операција поради недостиг на други опции“, рече Песков, нагласувајќи дека Москва и понатаму останува отворена и подготвена за мирен дијалог, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека Русија „на овој или на оној начин ќе ги обезбеди своите интереси и ќе ги оствари своите цели.“
Песков исто така изјави дека Москва ја поздравува намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да бара мирно решение на конфликтот во Украина.
„Го поздравуваме изразот на политичка волја да се направи сè што е можно за да се олесни потрагата по мирно решение“, истакна портпаролот на Кремљ.







