Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Бадников оган и Коледе од верски обичаи сега казниви дела ?

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-01-05
in Uncategorized
Бадников оган и Коледе од верски обичаи сега казниви дела ?

Во пресрет на Божиќните празници, а поради опасноста од ширење на заразата, Македонската православна црква (МПЦ) ги откажа бадниковите поворки, но и други божиќни прослави каде традиционално секоја година има голем број верници.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Свештените лица препорачуваат децата утре, рано наутро да останат дома. И Манифестацијата „Бадникови поворки“ годинава нема да се одржи.

Од Здружението „Бадникови поворки“ на својата фејсбук-страница објавија дека овој пат околностите не дозволуваат да се организира божикната манифестација, ниту да се собираат и формираат поворки. Тие ги повикуваат верниците на 6 јануари, точно во 12 часот, каде и да се наоѓаат на планетата Земја да запрат за миг и да се помолат за подобра година за сите и силно да ја запеат Божикната песна.

За православните христијани утре е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејството! Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година.

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест Ковид-19 предизвикана од вирусот Сарс Ков 2, случаите и временскиот период на нивна примена се забранува организација и одржување прослави на јавни места и површини по повод претстојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.

Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата, МВР ги информира граѓаните дека сè уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници. МВР, ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сè со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје“, се вели во соопштението.

Previous Post

Македонскиот ми е државен јазик и секогаш ќе го почитувам, а албанскиот ми е мајчин и никој не ми забранил да го зборувам

Next Post

Ина до Филипче: “Беда, ја помина пандемијата со раскажување статистики”

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Ина до Филипче: “Беда, ја помина пандемијата со раскажување статистики”

Ина до Филипче: "Беда, ја помина пандемијата со раскажување статистики"

Recommended

Скопје е град на уплашени фраери и препич џетсетерки

Скопје е град на уплашени фраери и препич џетсетерки

3 years ago
Исплатена рекордната „седумка“ од 1,7 милиони евра, добитникот…

Среќна вест: Тргна исплатата на Мој ДДВ

7 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.