ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Т.(63) од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Пријавената, без дозвола од надлежен државен орган, во својот дом во Росоман чувала ловечки карабин „сувенир“ М-92, ловечка пушка „Застава“ кал.16 мм и куршуми различен калибар.







