Утрово, нешто пред 9:45 часот по локално време, претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ со Доналд Трамп слета на аеродромот во Тел Авив, каде што беше пречекан со највисоки државни почести.
„Војната заврши“, изјави Трамп во авионот, потврдувајќи дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас ќе се почитува. Тој додаде дека земјите од Блискиот Исток сега се обединети околу нов мировен договор, „момент што никогаш порано не се случил“.
Израелскиот претседател Исак Херцог најави дека ќе му го додели на Трамп највисокото државно одликување за неговата улога во ослободувањето на заложниците во Појасот Газа. На плажата во Тел Авив беше испишан и голем слоган во негова чест, како знак на благодарност за ослободените израелски државјани по повеќе од две години заробеништво.







