Чувар на каменолом во струшкото село Долна Белица бил нападнат физички и со остар предмет од страна на 18-годишник и малолетник. Инцидентот се случил на 7 октомври 2025 година во помошна просторија на каменоломот, а нападнатиот чувар е Ф.Р. (60) од истото село.
ОВР Струга поднело кривична пријава против А.А. (18) и против малолетникот од струшкото село Франгово поради постоење основи на сомнение за кривично дело „насилство“.






