Млад возач, Л.М. (26) од гостиварското село Форино, починал на самото место откако неговиот „Фолксваген Голф“ излетал од патот меѓу Чегране и Корито. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата во присуство на јавен обвинител. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е дадено на обдукција за утврдување на точните причини за смртта.






