Три лица се повредени, од кои двајца се во критична состојба, во експлозија која се случи во технички објект на телекомуникациската компанија „Оринџ“ во Париз. Инцидентот предизвика прекин на телефонските и интернет услугите за околу 80.000 корисници, соопшти Рашида Дати, претставник на 7-миот париски арондисман.
Експлозијата се случила во подрумот на зградата на компанијата, а веднаш по неа избувнал пожар. Третиот повреден претрпел полесни повреди, додаде Дати, пренесува Ројтерс.
Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот, додека екипите на „Оринџ“ работат на враќање на телефонскиот сообраќај и интернет услугите за корисниците погодени од инцидентот.







