Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остро реагираше на испораката на турските беспилотни летала „Skydagger“ во Приштина, кои стигнаа три месеци пред планираното. На својот профил „X“ тој истакна дека е „згрозен од однесувањето на Турција и бруталното кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.
Вучиќ додаде дека продолжувањето на вооружувањето на приштинските власти покажува дека Турција не ја сака стабилноста на Западен Балкан и сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. „Србија е мала земја, но добро ја разбравме пораката!“ – напиша тој.
Косово го потпиша договорот со турската компанија „Бајкар“, производител на дроновите „Skydagger“, кои првично требаше да пристигнат во јануари 2026 година.







