Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, оцени дека планот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за прекин на конфликтот во Појасот Газа, иако општ, моментално претставува најдобра опција на маса.
Во интервју за проектот „Мостови кон Исток“, Лавров нагласи дека Русија го гледа планот како позитивен чекор, со главна цел „брзо да се запре крвопролевањето, да се спасат животи и да се обнови Појасот Газа, градот Газа или она што останало од нив“.
Тој додаде дека Русија верува оти планот е реалистичен доколку Палестинците го прифатат и истакна дека е важно да престанат сите непријателства.






