Американските сили извршија прецизен воздушен напад во Сирија, при што е убиен Мухамед Абдулвахаб ал-Ахмад, висок воен планер и член на групата Ансар ал-Ислам, поврзана со Ал Каеда, јавува „Ал Џезира“.

Командантот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер, потврди дека операцијата била насочена кон неутрализирање на терористички структури кои подготвувале напади во регионот.
„Нашите сили ќе продолжат да ги штитат САД, нивните сојузници и партнери во регионот и низ целиот свет“, изјави Купер.
Коалицијата предводена од САД и натаму спроведува операции против водачите на Исламска држава и Ал Каеда во Сирија, со цел да спречи повторно зајакнување на терористичките мрежи.






