Премиерот на Привремените институции во Приштина, Албин Курти, соопшти дека турските дронови „Skydagger“, произведени од компанијата „Бајкар“, пристигнале во Косово.
Курти на својот Фејсбук-профил објави фотографии од конвоите со повеќенаменски камиони што ги транспортирале дроновите на аеродромот во Приштина, нагласувајќи дека станува збор за илјадници летала.
Тој истакна дека според првичниот договор, испораката била предвидена за јануари 2026 година, но турската страна ја реализирала три месеци порано.






