На 07.10.2025 во 11:15 часот во СВР Тетово сам се пријавил Ф.Р.(36) од с.Боговиње, тетовско, за кого има распишана национална потерница од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „злосторничко здружување“ по член З94 став 2 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






