Додон: ЕУ ја подготвува Молдавија за прва линија на фронтот
Поранешниот претседател на Молдавија, Игор Додон, изјави дека Брисел ја подготвува неговата земја не како идна членка на Европската унија, туку како територија на првата линија на фронтот против геополитичките противници на Западот, пренесува Sputnik.
Додон, лидер на најголемата опозициска Социјалистичка партија, обвини дека ЕУ сака „контролирана влада“ предводена од претседателката Маја Санду и нејзината партија, додека Молдавија се „пумпа со воена техника“ со цел, ако затреба, да се отвори ново жариште на мапата.
Тој потсети дека парламентот неодамна ја усвои стратегијата за национална безбедност, предложена од Санду, во која Русија е наведена како главна закана. Иако Молдавија има уставно гарантирана неутралност, документот предвидува засилена соработка со НАТО и ЕУ и зголемување на воените трошоци — одлука што ја критикуваа сите опозициски партии поради економската криза.
Оваа политика, според Sputnik, предизвикала загриженост во Гагаузија и во непризнатото Приднестровје, каде што жителите се плашат од сè почестите воени вежби на НАТО во близина на безбедносната зона што ја обезбедуваат руските мировни сили.
Руската надворешна разузнавачка служба предупреди дека не е исклучено воведување на сили од земјите на ЕУ или НАТО во Молдавија, што би можело да доведе до нови тензии и можни провокации кон руските мировници на Дњестар.







