Месечината, планетата што ги симболизира нашите чувства, сега се наоѓа во знакот Овен, носејќи изненадни и позитивни промени за Овните, Стрелците и Лавовите.
Овој астролошки период поттикнува силна потреба за акција, независност и изразување на сопствената волја. Емоциите се доживуваат нагло и интензивно, често без многу размислување, па луѓето со оваа положба реагираат отворено, искрено и импулсивно.
Потребата да се биде прв
Месечината во Овен буди директна и страстна природа која не трпи задршка. Чувствата се изразуваат брзо и огнено – било да станува збор за љубов, лутина или воодушевување. Овој астролошки аспект носи храброст, склоност кон ризик и силна внатрешна потреба да се биде прв, најдобар и секогаш чекор пред другите.
Сепак, оваа енергија може да донесе и недостаток на трпение, како и тенденција кон брзо заситување и откажување кога работите стануваат монотонни.
Храброст и искреност
Луѓето со Месечина во Овен често имаат детска искреност и ведрина, но и темперамент што тешко се контролира. Нивните емоции бараат движење, возбуда и промени – мирот и стагнацијата им делуваат како товар.
Овој Месец поттикнува храброст да се изразат чувствата без маски и страв, но во исто време нè учи на самоконтрола и поголема внимателност кон другите.







