„Се покажа дека претседателот Зеленски сака да одлучува што е најдобро за Унгарците. Повторно ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена за да ги натера земјите да ги поддржат неговите воени напори.“
Ова го објави унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа X, испраќајќи му порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема морална обврска да го поддржи приклучувањето на Украина кон Европската унија.
„Ниту една земја никогаш не ѝ се приклучила на Европската унија преку уцена — и тоа нема да се случи ни овојпат. Договорот на ЕУ не остава простор за двосмисленост: членството се одлучува едногласно од страна на земјите-членки“, додаде Орбан и заклучи:
„Унгарскиот народ веќе одлучи. На референдум, со огромно мнозинство се изјасни против членството на Украина во ЕУ. Ако сакате да го промените тоа, медиумската кампања што ја водите против Унгарија веројатно не е најдобриот начин да стекнете пријатели.“
Да потсетиме, Зеленски за време на вчерашната прес-конференција со холандскиот премиер Дик Шоф изјави дека Украина ќе стане членка на ЕУ без оглед на ставот на Орбан.
„Украина ќе биде дел од Европската унија, со Орбан или без него, затоа што тоа е изборот на украинскиот народ“, нагласи Зеленски.






