Под влијание на ладен бран од север, во нашата Република Македонија во следните денови времето ќе биде променливо облачно и многу ветровито со повремено засилен а во Повардарието силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Ќе има и повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1400/1500 метри надморска висчина ќе има повремен снег.
И во Скопје и околината во следните денови температурите ќе бидат потпросечни за овој период од годината а повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Повремено ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд а на околните повисоки планини со услови за повремено слабо провејување на снег.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури до среда ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени а потоа ќе бележат тенденција на постепен мал пораст. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 15 степени.






