СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Ч. (51) од Скопје за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Дополнително, против М.Ч. (58), Ш.Ч. (22), О.Ч. (23) и Б.М. (35), сите од Скопје, поднесена е кривична пријава за кривично дело „насилство“.
Инцидентот се случил на 6 август 2025 година во Скопје, кога пријавените влегле во дворот на Д.Е. (58), каде биле присутни и неговите синови О.Е. (26) и М.Е. (18). При нападот, првопријавениот испукал неколку куршуми од пиштол кон О.Е., при што му нанел тешки телесни повреди, додека останатите четворица учествувале во физичкиот напад.
Од полицијата најавуваат дека случајот ќе продолжи со натамошна истрага и правна постапка.






