Младо момче Б.А. (22) од селото Ростуше се удави во реката Радика.
Во Полициското одделение Ростуше вчера попладне е пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано „Влог”. По пријавата е повикана екипа на Противпожарната единица-Дебар, која го извадила телото од реката, а лекар констатирал смрт. Телото е извадено во близина на селото Јанче. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција.






