По новите руските напади врз Украина со беспилотни летала, бомби и ракети, претседателот Володимир Зеленски ја изрази својата разочараност од недостатокот на одговор од Западот.
„За жал, нема соодветен, силен одговор од светот на сè што се случува“, рече Зеленски во своето дневно видео обраќање, истакнувајќи ја обемноста и дрскоста на нападите. Тој додаде дека токму поради ова рускиот претседател Владимир Путин „му се смее на Западот, на неговиот молк и на недостатокот на решителни контрамерки“.
Зеленски нагласи дека Москва досега ги отфрлила сите предлози за прекин на војната или барем запирање на нападите, и дека сега се таргетира цивилна и критична инфраструктура, вклучително гасна, енергетска и производна.
Во текот на ноќта, руската војска лансирала 53 ракети и неколку бранови беспилотни летала, при што загинале пет лица, а 18 биле ранети.
Претседателот на Украина исто така укажа дека многу од овие беспилотни летала содржат компоненти „добиени од западните земји и неколку соседи на Русија“. „Речиси 500 дронови што ги користеа Русите преку ноќ содржат повеќе од 100.000 компоненти произведени во странство“, наведе Зеленски, изразувајќи зачуденост што и по повеќе од три и пол години војна сè уште не е јасно како да се запре нивното снабдување.







