Денес во 12:13 часот, земјотрес со јачина од 4,7 степени Рихтер ја погоди централната Италија.
Според објавените податоци, епицентарот се наоѓа околу 60 километри источно од Римини, а хипоцентарот е на длабочина од околу 10 километри под земјата.
До моментот нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.






