Хаос во Франција: Меланшон бара оставка на Макрон
По оставката на премиерот Себастијан Лекорни, лидерот на Левата Франција (LFI) Жан-Лик Меланшон повика на разгледување на предлог за отповикување на претседателот Емануел Макрон, поднесен од 104 пратеници. Шефицата на пратеничкиот клуб на LFI, Матилда Пано, изјави дека „одбројувањето започна“ и повика Макрон да се повлече.
Лекорни беше именуван на 9 септември и со 27 дена мандат стана премиер со најкратка функција во историјата на Франција. Оставката следеше само 24 часа по претставувањето на новата влада, составена главно од блиски соработници на Макрон.
Политичката нестабилност се одрази и на европските берзи: паневропскиот индекс Stoxx 600 падна за 0,24%, а француските акции за скоро 2%, со најголеми загуби во банкарскиот сектор. Енергетскиот сектор бележи благо зголемување по одлуката на OPEK+ за производство.






