Околу 1000 туристи и планинари се заглавени на падините на Монт Еверест поради силна снежна бура, јавуваат кинеските медиуми. Стотици локални жители и спасувачи се мобилизирани за расчистување на снегот и обезбедување пристап до областа на надморска височина од над 4.900 метри, а некои туристи веќе се евакуирани.
Снежните врнежи започнаа во петокот и продолжија до вчера, поради што продажбата на билети и пристапот до туристичката зона на Еверест се прекинати, соопшти Туристичката компанија на округот Тингри.
Во меѓувреме, од непалската страна на границата, поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, кои блокираа патишта, урнаа мостови и однесоа најмалку 47 животи.







