Доцна вечерва Јавното претпријатие „Водовод и Канализација Скопје“ соопшти дека сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм во населбата Влае предизвика поплава и прекин на водоснабдувањето во делови од градот.
Според информациите од претпријатието, голем дел од Скопје ќе остане без вода, додека во други делови притисокот е значително намален, сè додека не се отстрани дефектот. „Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности“, посочуваат од „Водовод и канализација“.
Граѓани на социјалните мрежи јавуваат дека вода веќе нема во Хром, Ѓорче, Влае и Карпош, додека во Центар и Аеродром водата тече со намален притисок. Претходно, порталот „24Info.mk“ објави видео од хаваријата во Влае.







