Метеоаналитичарот Славчо Попоски најавува нов влажен бран што од ноќва кон утрешниот ден ќе го зафати целиот регион. Според неговата прогноза, во понеделник и вторник (6 и 7 октомври) времето во Македонија ќе биде претежно облачно, поладно и со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.
Поради падот на температурите, на планините над 1300 до 1400 метри надморска височина се очекуваат врнежи од снег. Локално ќе наврне и значително количество дожд — над 25 литри на метар квадратен, проследено со умерен до засилен северен ветер.
Во Скопје и околината исто така ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер, а на околните повисоки планини можно е да се формира и нов снежен слој.
Температурите во следните два дена ќе останат под просекот за овој период од годината. Максималните дневни вредности ќе се движат меѓу 5 и 13 степени, додека во Скопје термометарот ќе се искачи до околу 10 степени.






