Вечерва во скопската населба Влае пукна една од главните водоводни цевки, предизвикувајќи голема поплава на неколку улици. Водата навлезе во дворови и подруми, а граѓаните велат дека состојбата е хаотична.
Според објави на социјалните мрежи, без вода веќе се делови од Влае, Козле, Карпош 3 и 4, како и Злокуќани.
Од надлежните служби сè уште се чека официјален одговор за обемот на штетата и за тоа колку време ќе биде потребно за санирање на дефектот.







