Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили во текот на ноќта извршиле масовни напади врз украинските воено-индустриски објекти и гасната и енергетската инфраструктура. Во акцијата биле користени копнено, морско и воздухопловно високопрецизно оружје, вклучувајќи хиперсонични аеробалистички ракети „Кинжал“ и беспилотни летала.
Украинските медиуми пријавија експлозии во Чернигов, Ривно, Ивано-Франкивск, Л’вов, Сумска и Одеска област, како и во Хмелницкиот, Запорошкиот и Херсонскиот регион. Според Киев, во нападот загинале најмалку пет лица, а инфраструктурата е оштетена на повеќе локации.
Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, соопшти дека руската армија користела повеќе од 50 крстосувачки ракети, меѓу кои и „Кинжали“, и околу 500 дронови.
Во контекст на нападот, Полска, како членка на НАТО, приземјила свои авиони за да ја заштити воздушната безбедност. Министерството за одбрана на Русија исто така соопшти дека руските сили го зазеле селото Кузминовка на границата на регионот Доњецк кон централна Украина.






