Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години се здобиле со тешки телесни повреди откако синоќа биле удрени од автомобил на улицата „Товарник“ во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата се случила на 4 октомври околу 20:30 часот, кога патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот П.Н. од Скопје, удрило во двете малолетнички.
Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а истрагата за причините на сообраќајката е во тек.







