Камала Харис во своите мемоари „107 дена“ открива дека на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2022 имала тежок разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого го убедила дека конфликтот со Русија е неизбежен.
Таа му ги претставила американските разузнавачки податоци и го советувала да „го подготви народот“. Харис пишува дека до последната средба во септември 2024, четириесет дена пред изборите, со Зеленски развила „пријателство полно доверба“.
Во книгата, Харис го споредува Зеленски со работник кој во време на криза пронаоѓа начин да ги спаси другите, додавајќи дека „малкумина знаат на што се способни додека не бидат тестирани“.
Мемоарите, објавени на 23 септември од Сајмон и Шустер, ја опишуваат и нејзината кратка претседателска кампања во 2024. Харис смета дека голема грешка била дозволата Бајден сам да реши за нов мандат, и тврди дека Белата куќа ѝ доделувала најтешки задачи, без да ги истакне нејзините успеси.






