Во координирана полициска акција спроведена во текот на ноќта на 3 и 4 октомври, на неколку различни локации во Скопје, уапсени се седум лица, кај кои била пронајдена прашкаста материја и марихуана, потврди Министерството за внатрешни работи.
Лицата се идентификувани како М.Е. (26), Р.Ј. (24), Х.Ј. (31), П.Ј. (39) и С.Д. (48) – сите од Скопје, како и Н.Ц. (31) од Крива Паланка и Х.Ф.Х. (24) од Република Турција.
При претресите, полициските службеници одзеле забранети супстанци, кои ќе бидат испратени на вештачење.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Според првичните информации, акцијата е дел од засилените контроли за сузбивање на нелегалната трговија со дрога на територијата на главниот град.







