Вчера во 16:10 часот, полициски службеници на улицата „Кленоец“ во Охрид го лишија од слобода Д.В. (29) од Охрид, кој бил затекнат додека се движел низ просториите на поранешната касарна.
При обидот за легитимирање, тој се однесувал агресивно кон полициските службеници. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







