Славниот рапер Шон „Диди“ Комбс е осуден на 50 месеци затвор откако беше прогласен за виновен за подведување.
Пресудата беше изречена во сојузниот суд на Менхетен, по двомесечно судење и шестчасовно рочиште. Судот го водеше судијата Арун Субраманиан, кој остро го критикуваше однесувањето на Комбс кон жртвите, опишувајќи ги случаите на физичко, емоционално и психолошко злоставување.
„Ги злоупотребуваше жртвите и тоа траеше долго, затоа што имаше моќ и ресурси да продолжиш, а никој не те откри порано. Потребна е строга казна за да се заштити јавноста од идни злосторства“, изјави судијата, пренесува New York Post.
Обвинителите бараа повеќе од 11 години затвор, но судот донесе значително поблага пресуда. Комбс веќе поминал 14 месеци во притвор, па според пресметките, во федералниот затвор ќе остане уште околу три години.
Покрај затворската казна, му е изречена и парична казна од 500.000 долари, како и петгодишен надзор по излегувањето од затвор.






