Францускиот фоторепортер Антони Лаликан загина денес во Украина како последица на руски напад со беспилотно летало, додека ја придружуваше украинската армија на фронтот, објави францускиот претседател Емануел Макрон.
„Нашиот сонародник ја придружуваше украинската армија на фронтот на отпорот. Со длабока тага дознав за неговата смрт, жртва на руски напад со беспилотни летала“, напиша Макрон на X.
Претседателот исто така оддаде почит на сите кои го ризикуваат својот живот за да информираат и сведочат за реалноста на војната и изрази длабоко сочувство до семејството на починатиот фоторепортер.







