Инцидент со дронови над белгиска воена база предизвика загриженост во НАТО
Во петокот наутро, околу 1:45 часот, над белгиската воена база „Елзенборн“ во источната покраина Лиеж биле забележани околу петнаесет дронови, потврди канцеларијата на белгискиот министер за одбрана Тео Франкен. Инцидентот предизвика загриженост поради стратешката важност на базата, која се користи како клучен воен полигон и се наоѓа само неколку километри од германската граница.
Дроновите биле откриени за време на тестирање на нов систем за надзор и детекција, а истрагата веднаш била активирана од белгиската армија и привлече внимание и во НАТО. Според ВРТ Њуз, леталата прво биле забележани над Белгија, а потоа се движеле кон Германија, каде ги видел полицијата во Дирен.
Базата „Елзенборн“ се простира на 28 квадратни километри и е централно место за воени вежби на НАТО, што ја прави особено чувствителна цел. Засега не е познато кој стои зад инцидентот, а истрагата продолжува, со цел да се утврдат сите детали и потенцијалните безбедносни ризици.







