Милијардерот Ибрагим Сулејманов е притворен во Москва поради сомнеж дека извршил убиство, соопштија официјални лица од полицијата за агенцијата Tass.
Осомничениот е задржан од Министерството за внатрешни работи и Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), а истрагата ја води Централната канцеларија на Истражниот комитет.
Случајот се однесува на убиство извршено минатата година.
Ибрагим Сулејманов и неговиот брат Расул во 2024 година биле сопственици на ИТ-компанијата „Сирена-Травел“.






