Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека федерални работници би можеле да се соочат со отпуштања, а проекти да бидат намалени доколку продолжи блокадата на Владата. Тој ја обвини Демократската партија во Конгресот за застојот и порача дека може трајно да ги укине „нивните омилени проекти“.
Федералната влада делумно е затворена откако Конгресот не постигна договор за финансирање, при што функционираат само основните услуги. Трамп истакна дека приходите од новите царини веќе пристигнуваат и предвиде дека би можеле да достигнат до трилион долари годишно. Според него, дел од средствата ќе помогнат во намалување на националниот долг, кој може да порасне на 38 трилиони долари.







