Аеродромот во Минхен беше привремено затворен откако беа забележани дронови во неговата близина и над пистите. Како резултат, откажани се 17 летови, со што беа погодени околу 3.000 патници, а уште 15 слетувања беа пренасочени кон други европски аеродроми.
Од безбедносни причини, пистите беа блокирани доцна синоќа, а патниците добија ќебиња, пијалаци и привремен престој во терминалот. Иако полицијата пребарала со хеликоптер и службени екипи, дронови или осомничени лица не биле пронајдени.
Инцидентот се случи во текот на Октоберфест, додека Европа е во зголемена готовност поради низа претходни нарушувања со дронови околу критична инфраструктура и воени бази.






