Во близина на синагога во Манчестер денес се случи крвав напад во кој животите ги загубија три лица, меѓу кои и самиот напаѓач. Тој бил застрелан од полицијата откако извршил напад со автомобил и нож.
Полицијата соопшти дека уште тројца граѓани се во сериозна состојба и се борат за живот. Жителите беа повикани да ја избегнуваат областа, а безбедносните сили распоредени на клучни локации низ градот.
Лондонската полиција, како превентивна мерка, распореди засилени патроли околу синагогите и другите објекти на еврејската заедница во главниот град.
Според „Гардијан“, истрагата е во тек, а иако полицијата тврди дека нема дополнителен ризик за јавноста, атмосферата во градот останува напната.







